Вчера тимот на Бате Борисов направи огромно изненандување во Лигата на Европа и го порази тимот на Арсенал со 1:0 во рамките од 1/16 финалето во ова натпреварување.
Колку оваа победа беше голема за тимот на Бате покажуваат следните податоци:
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Целиот тим на Бате вреди само 200.000 фунти, додека во нивната цела историја потрошиле само 11.5 милиони фунти на засилувања.
Освен тоа Арсенал имаше предност и поради тоа што Белорусите својот последен официјален натпревар го одиграа пред два месеци.
За Бате ова беше и прва победа во нокаут фазата од едно европско натпреварување
После сите овие податоци јасно е дека Бате имаше еден од своите најголеми моменти во клупската историја.
Поради сето ова тие се одлучија на интересен начин да ја прослават победата и малку си дозволија да се опуштат.
Новинарот Чарлс Ватс ги улови Александ Хлеб и колегите како јадат хамбургери, па оваа фотографија многу брзо стана вистински хит.
Nothing rubs salt into the wounds more than sitting next to Alex Hleb and the BATE team while they celebrate beating Arsenal by wolfing down a Double Whopper meal at 8am pic.twitter.com/7DOW4XYsXE
— Charles Watts (@charles_watts) February 15, 2019
Сега белорускиот тим има поволен резултатот пред реваншот за да прирерди вистинска сензација на стартот од нокаут фазата во второто по ранг европско натпреварување.
Она што е посебно интересно што традицијата и тоа како оди во нивни прилог.
Имено, Арсенал никогаш во ниту едно европско натпреварување не успеал да надополни негатива од 1:0 во првиот натпревар.