Дома Фудбал Англија Фудбалер на Њукасл добива „БОНУС“ за секој погодок, но не од клубот!

Фудбалер на Њукасл добива „БОНУС“ за секој погодок, но не од клубот!

Англискиот фудбалер од редовите на Њукасл, Џамал Ласкалес, со своите фанови сподели една интересна информација.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, овој 23 годишен фудбалер кој како што кажавме настапува за Њукасл сеуште од својата мајка добива по пет фунти за секој постигнат погодок, оваа традиција во семејството на Ласкалес трае уште од неговото детство.

Додека Ласкалес настапуваше за младинскиот тим на Нотингем Форест, неговата мајка го мотивирала со „бонус“ од пет фунти за секој гол кој ќе го постигне.

Некогаш овие пет фунти на Ласкалес му значеле многу, но сепак тој и денеска им се радува на еден посебен начин.

Иначе, Џамал Ласкалес игра на позицијата централен дефанзивец, но оваа сезона е посебно расположен за постигнување погодоци. На последните два натпревари за Њукасл, тој постигна и два погодоци и веројатно стана побогат за 10 фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ЈУВЕНТУС ПОДГОТВУВА ДВОЕН ПАКЕТ: Сакаат голман и напаѓач од тимот во Серија А!

Јувентус го промени спортскиот сектор преку летото и со трансфер политиката се занимава Џо…