Дома Фудбал Фудбалер на Звезда го налути Вучиќ со изјавата по натпреварот со Интер

Фудбалер на Звезда го налути Вучиќ со изјавата по натпреварот со Интер

Претседателот на Србија Александар Вучиќ следи што се случува со спортот во неговата земја, а сега ги критикуваше фудбалерите на Црвена Звезда за поразот од Интер од 4:0.

Црвена Звезда во вторникот беше немоќна и претрпе пораз од Интер со 4:0, а Вучиќ посебно е разочаран поради изјавите на фудбалерите на Звезда кои зборуваа дека не биле фасционирани од противникот.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„Што се однесува до победите и поразите, се срамам да зборувам за тоа. Се срамам и кога играчите на Звезда, кога губат со 4:0, велат дека не се фасцинирани од оние кои победиле со 4:0.“, рече Вучиќ.

Оваа изјава на Вучиќ по се изгледа е одговор на капитенот на Звезда, Урош Шшајиќ, кој по мечот изјави дека не бил особено воодушевен од тоа што го покажал Интер.

„Имавме голема желба да ги израдуваме навивачите, но не ги искористивме нашите шанси. Интер не воодушеви. Примивме гол од слбооден удар откако пропуштивме добри прилики. Грешките на вакво ниво се казнуваат, па така беше и сега“, изјави Спајиќ по мечот за „Арена спорт“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сите мислеа дека е пред отказ, а Гатузо сега – доби награда!

Кога Никола Калиниќ го напушти Хајдук, многумина во регионот мислеа дека неговиот избор за…