Дома Трансфер зона Францускиот напаѓач пред трансфер во Интер

Францускиот напаѓач пред трансфер во Интер

Милански Интер е најблиску до потписот на францускиот репрезентативец и напаѓач на Борусија Мехенгладбах, Маркус Турам.

Турам беше мета на Интер уште пред две години и беше блиску до трансфер во Милано, но се повреди и трансферот пропадна во последен момент.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Турам оваа сезона игра одлично, веќе има 10 гола во Бундеслигата, а неговиот договор истекува на крајот на сезоната.

Турам истакна дека сака да се пресели во клуб кој редовно игра во Лигата на шампиони, па неколку гиганти ја почнаа трката за неговиот потпис.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер е во пол-позиција за неговиот потпис и дека е во напреднати преговори со неговиот агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Скапото засилување на Ливерпул се сели во Реал Мадрид

Реал Мадрид е заинтересиран за играчот од средниот ред на Ливерпул, Алексис Мекалистер.  Ш…