Дома Тенис Зверев го симна Синер од врвот: Првпат е светски број еден!

Зверев го симна Синер од врвот: Првпат е светски број еден!

Зверев го симна Синер од врвот: Првпат е светски број еден!

Александар Зверев за првпат во кариерата го презеде врвот на светскиот тенис. На денеска објавената АТП ранг-листа, Германецот е пред Јаник Синер и со тоа отвора ново поглавје во својата кариера.

Со ова достигнување Зверев влезе во друштвото на тенисерите што биле светски рекет број еден. Тој е 30-тиот играч во историјата на АТП-листата што успеал да стигне до највисоката позиција.

Клучниот чекор го направи на турнирот од серијата АТП 500 во Виена минатата недела. Уште со обезбедувањето место во четвртфиналето, германскиот тенисер го осигури преземањето на првата позиција, па исходот од остатокот од неговиот настап не можеше да го промени тоа.

Зверев во австриската престолнина продолжи до полуфиналето, каде што беше запрен од Алекс де Минаур. Австралиецот славеше во три сета, со 6-4, 1-6 и 7-6, а решавачкиот тај-брејк го доби со 7-4.

Така, иако ја заврши неделата без финале во Виена, Зверев ја дочека новата ранг-листа со најголемиот ранкинг-успех досега. Синер, кој беше на чело од април 2026 година, сега му го отстапи првото место на Германецот.

Фото: Република

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Грбот го мачи Ѓоковиќ во Париз: Амановиќ интервенираше уште на првиот тренинг

Новак Ѓоковиќ доби третман на долниот дел од грбот пред настапот во Париз, каде што му е п…