Дома Фудбал Французите сепак ја сменија одлуката: Мечот со Израел ќе се игра пред гледачи

Французите сепак ја сменија одлуката: Мечот со Израел ќе се игра пред гледачи

Според последните информации кои пристигнуваат од Франција, натпреварот од петтото коло во елитната Лига на нации меѓу Франција и Израел сепак треба да се игра пред гледачи, на „Стад де Франс“.

Двете репрезентации на 14 ноември во Париз ќе играат во групата 2 од Лигата А, а постоеше можност тие 90 минути да се одиграат без публика поради моменталната ситуација на Блискиот Исток.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Во понеделникот Италија го пречека Израел во Удине, а натпреварот се играше пред гледачи, но и со бројни безбедносни мерки.

Силни полициски сили излегоа на улиците на Удине пред и на денот на натпреварот, додека делот од градот каде што се наоѓа стадионот беше затворен 48 часа пред почетокот на натпреварот.

Од врвот на француската полиција најавија и жестоки безбедносни мерки, но истовремено најавија дека дуелот сепак треба да биде отворен за гледачи.

По четири кола од групата 2, Италија е на врвот на табелата со десет бодови. Франција има бод помалку, Белгија е на четири, додека Израел се уште нема освоено ниту еден бод.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Eден од најславните полски клубови тргнува по потписот на фудбалер на Шкендија!

Шкендија сезонава се претставува повеќе од солидно во Конференциската лига, а покрај бодов…