Според најавите се чека само продажба на Гоналон и Французинот пристигнува во „вечниот град“.
Стивен Нзози се договорил со Рома на која и кажал „да“ за понудата од 2.5 милиони евра по сезона, Французинот е човек од збор, ветил и дека ќе го почитува договоро дури и ако се појави Барселона (покажуваше интерес) и дека нема да има „реприза“ на случајот „Малком“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иначе Нзози во Севиља го доведе Мончи, а сега сака да го види во Рим. Наводно Севиља ќе се согласи на понуда од 25 милиони евра, но Рома мора прво да го продаде Максим Гоналон.
Французинот има две понуди од Премиер лигата, една од Евертон и една од Палас, неговата вредност е околу 8 или 9 милион иевра.
Нема сомневање дека играчот кој беше на мета на Барселона, Јувентус и Арсенал би бил огромно засилување за Рома.