Дома Фудбал Останато Французите огорчени: Дали сме ние идиоти?

Французите огорчени: Дали сме ние идиоти?

Французите побрзаа и станаа првата од Топ 5 европските лиги кои ја прекинаа сезоната. Лига 1 се прекина поради пандемијата, а за шампион беше прогласен ПСЖ.

После само две недели министерството за спорт на Франција соопшти дека клубовите сепак ќе можат да се вратат на тренинзи на 2-ри јуни и дека спортот може да продолжи сердината на јуни.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Лига 1 е прекината и завршена, а клубовите вкупно направија загуби околу 300 милиони евра. Сега е јасно дека челниците направија грешка, а еминентниот весник „Екип“ денес излезе со интересна насловна страна.

Весникот излезе со насловна страна „Како идиоти?“, алудирајќи на тоа дека сите најсилни лиги во Европа ќе ја продолжат сезоната.

Бундеслигата веќе е во тек, Примера продолжува на 8 ми јуни, а Серија А и Премиер лигата една недела подоцна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мењан наскоро става потпис

Италијанските медиуми пренесуваат дека Мајк Мењан, кој моментално брани за Милан, е во нап…