Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Франција ќе се жали до ФИФА за голот на Гризман

Франција ќе се жали до ФИФА за голот на Гризман

Репрезентацијата на Франција го доживеа првиот пораз на Мундијалот, од Тунис 0-1 во третото коло, иако тоа не влијаеше на нивниот пласман во осминафинале.

Французите ќе се жалат до ФИФА затоа што им беше поништен гол во 98-та минута од натпреварот, и тоа откако судијата претходно досуди крај.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Главниот судија на средбата Метју Конгер од Нов Зеланд веќе свирна крај на натпреварот, но потоа отиде кај мониторите на ВАР да го прегледа моментот при голот на Гризман. По прегледување на видеото Конгер го откажа голот поради офсајд позиција.

Според протоколот ВАР, судијата немаше право да го користи правото на видео преглед по продолжувањето на играта.

„Ќе поднесеме жалба поради поништување на голот на Антоан Гризман. Според нас, по грешка е откажан“, стои во реакцијата на Французите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Канаваро не издржа долго: Ристовски и Адеми останаа без тренер!

Легендарниот италијански фудбалер Фабио Канаваро повеќе не е тренер на загрепски Динамо, о…