Златан Ибрахимовиќ е тој кој секогаш го има главниот збор на теренот и соблекувалната, но во Милан еден друг фудбалер е „претседател“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Станува збор за Франк Кеси, кој сега откри како го добил надимакот „Претседател“.
„Едно утро дојдов во тренинг-кампот и се паркирав на местото на претседателот Газидис. Ми кажаа да го тргнам автомобилот зашто не смеам таму да паркирам, а јас им одговорив: Нема проблем, јас сум новиот претседател на Милан“, откри Кеси.
Од тогаш сите во соблекувалната го викаат Кеси „Ил Пресиденте“.