Селекторот на репрезентацијата на Англија, Герет Саутгејт не имаше многу причина за задоволство во средата.
Неговиот национален тим беше поразен во полуфиналето на Мундијалот од Хрватска и на тој начин беа срушени многу сонови на англиските навивачи и репрезентативци.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Саутгејт по натпреварот искористи прилика од теренот да ги поздрави илјадниците навивачи на Анлија кои пристигнаа во Москва за да ги следат сите натпревари, а по тоа се искачи на трибините и ја прегрна својата сопруга.
Нивната фотографија на празните трибини на стадионот „Лужники“ брзо се појави на интернет. Тоа сигурно е доказ колку на Саутгејт сето ова време му значеше поддршката од сопругата и е сосема логично дека поради тоа дополнително е тажен што на крајот фудбалот сепак не успеа да го врати дома.
Потсетуваме, Англија има уште еден натпревар и тоа оној за третото место против Белгија во сабота.
England manager Gareth Southgate cuddles his wife at the very end of the England match #CROvENG
? @rexfeatures pic.twitter.com/qK7k2nPp5A
— Elliot Wagland (@elliotwagland) July 12, 2018