Викендов во склоп на 4-то коло од Примера Леванте и Валенсија одиграа 1:1. На натпреварот до 73-та минута играше напаѓачот Симоне Заза, а одлуката да биде сменет од игра воопшто не и се допадна на неговата девојка, Киара Биаси.
„Ако сакате луѓе со карактер треба да знаете да работите со нив и во исто време морате да бидете свени дека не можете да управувате со нив.Знајте дека тој што има мадиња, ќе ги има секогаш“, напиша Биаси на социјалните мрежи.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Ваквиот статус крена голема прашина во шпанските медиуми, а Киара само неколку часа подоца се правдаше дека поракате не била упатена до тренерот на Валенсија.