Дома Топ вести Фото: „Претседателот“ Пике во текот на паузата работи на големиот трансфер на Барса?

Фото: „Претседателот“ Пике во текот на паузата работи на големиот трансфер на Барса?

Интересна вест ни пристигнува во текот на новогодишната пауза.

Како што пишувавме, Жерар Пике го поминува одморот во Њу Јорк заедно со своето семејство, а во понеделникот беше забележан на исто место каде што беше и фудбалерот на Атлетико Мадрид и голема желба на Барселона Антоан Гризман.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ова беше доволен повод за медиумите, да започнат шпекулации дека Пике кого нарекуваат иден претседател на Барселона го договора големиот трансфер.

 

Дали на шега или не, Пике секако би можел да му каже на Гризман некој убав збор и да го убеди Гризман.

Не е тајна дека Гризман добил ветување од Атлетико дека може да замине наредното лето. Французинот веќе некое време е на мета на ПСЖ и Манчестер Јунајтед, но изгледа дека најблиску е до Барселона.

Каталонските и шпанските медиуми на  големо пишуваат дека управата на Барселона веќе одржала средба со неговото семејство.

Откупната клазула на Гризман изнесува 100 милиони евра, Барселона е спремна да ја плати, а остана само уште да се убеди Гризман, а Пике можеби веќе работи на тоа.

Prêt pour les #NBAXmas game ?

A post shared by Antoine Griezmann (@antogriezmann) on

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…