Дома Фудбал Останато ФОТО: Погба под водство на Солскјер е како препороден, ова е доказ!

ФОТО: Погба под водство на Солскјер е како препороден, ова е доказ!

Манчестер Јунајтед веќе неколку години не е оној стариот од кого се плашеа сите екипи, не само во Англија, туку и во цела Европа.

Сепак, по доаѓањето на Норвежанецот Солскјер навивачите барем малку длабоко во себе имаат надеж дека нивниот омилен клуб ќе се врати на старите патеки и повторно ќе владее во светот. Солскјер освен тоа што ги подобри резултатите на клубот, им ја врати насмевката на лицата на фудбалерите кои не беа среќни под водство на Мурињо кој беше отпуштен поради слабите резултати на клубот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Вистински доказ дека Солскјер повеќе му одговара на Манчестер Јунајтед од Мурињо е тоа што Погба сега е навистина одличен. Имено, Погба под водство на Мурињо оваа сезона настапи на 14 натпревари на кои што постигна 3 гола и запиша 3 асистенции. По отказот на Мурињо, Погба настапи на речиси двојно помалку натпревари но имаше подобар ефект, односно постигна 6 гола и запиша четири асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арбелоа: Кој го исвиркува претседателот, не го сака Реал Мадрид

Новиот тренер Алваро Арбелоа ја постигна првата победа како тренер на Реал Мадрид на својо…