Швеѓанецот и понатаму е ценет, сите од Апенините го сакаат.
Златан Ибрахимовиќ е слободен во изборот за новата средина, а италијанските медиуми пишуваат дека следната станица ќе биде Серија А. „Corriere dello Sport“ на својата насловна страница го прикажа Ибрахимовиќ во шест различни дресови, а во еден од нив би можеле да го видиме Швеѓанецот.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Тука се трите негови поранешни клубови – Јувентус, Интер и Милан, како и Рома, Лацио и Наполи. Овој весник пишува дека сите споменати клубови се заинтересирани за Златан, пред се поради што е бесплатен, а е докажана инвестиција.
Златан во дресот на Јунајтед докажа дека е како вино и дека како ветеран и понатаму е смртоносен по голманите бидејќи постигна 28 гола во сите натпреварувања за екипата на Жозе Мурињо.
Иако во 36. година од животот и со повреда на лигаментите на коленото, Златан од јануари би можел да се врати на теренот и да биде од големо значење за речиси секој тим. Делува дека во моментов е многу блиску до Серија А, а кој дрес најдобро му стои и каде би можел да биде најдобро можно засилување?