Српската тенисерка, Ана Ивановиќ ужива во играчката пензија.
Таа живее во Чикаго со сопругот, германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер кој игра во МЛС лигата за екипата на Чикаго Фајр. Во Ана се уште има спортски дух, па го предизвика својот сопруг на тениски меч, а Швајни на тенискиот терен мораше да и признае на својата жена дека е подобра.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Поранешната прва тенисерка во светот и освојувачот на Роланд Гарос од 2008. година, на Инстаграм објави фотографија на која се гледа како страдал Басти кој очигледно е многу подобар со фудбалска топка, отколку со тениски рекет.
„Еве што се случува кога Бастијан упорно се обидува да победи“, напиша Ана на својот Инстаграм и го покажа повредениот прст на нејзиниот сопруг.