Дома Фудбал Останато Фламенго го декласираше Гремио и закажа финале со Ривер (ВИДЕО)

Фламенго го декласираше Гремио и закажа финале со Ривер (ВИДЕО)

Откако во натпреварот на аргентинските гиганти Ривер се пласираше во финалето на Копа Либертадорес, Фламенго излезе како победник во бразилската пресметка со Гремио.

Фламенго го декласираше Гремио со 5:0 и така закажа натпревар со актуелниот шампион Ривер.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Резулатот од првиот натпревар беше 1:1 и тоа значеше целосно отворен натпревар на легендарната „Маркана“, но на крајот Фламенго беше доминантен.

Првиот гол падна во 42-та минута. Хенрике постигна гол за 1:0 за во продолжение Гремио да доживее потоп.

Габриел Барбоса со два гола во десет минути зголеми на 3:0 и тука веќе беше јасно кој ќе оди во финалето. До крајот за поубедлива победа погодуваа Мари и Чиао.

Финалето е закажано за 23-ти ноември во чилеанскиот Сантијаго.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Поранешен фудбалер од Премиер лигата заврши во болница: Го удрило камион додека помагал!

Абдеслам Уаду, некогашната ѕвезда на мароканскиот фудбал koj остави трага во англиската Пр…