Дома Фудбал Останато ФИФА и УЕФА определија тешки казни за клубовите кои ќе учествуваат во Суперлига

ФИФА и УЕФА определија тешки казни за клубовите кои ќе учествуваат во Суперлига

Светската фудбалска федерација и шестте конфедерации кои ја градат структурата на организацијата – УЕФА, АФК, КАФ, КОНКАКАФ, КОМНЕБОЛ и ОФК денес излегоа со остро официјално соопштение во однос на формирање на европска Суперлига.

Раководството на ФИФА предупредува дека секој клуб и секој играч, кој ќе земе учество во Суперлигата, ќе биде исклучен од сите официјални натпевари под капата на ФИФА. Во соопштението се дополнува дека единственото ново натпреварување кое го признава е Светското клупско првенство.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ова соопштение беше официјално објавено денес откако вчера претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез имаше тричасовна средба со претседателот на Јувентус, Андреа Ањели.

Наводно двајцата разговарале за формирањето на Суперлигата, а неодамна поранешниот претседател на Барса, Бартомеу потврди дека европските гиганти спремаат Суперлига и дека Барселона ќе учествува во тоа натпреварување.

Причината поради која ФИФА и УЕФА остро се спротиставуваат на Суперлигата е финансиска, бидејќи се претпоставува дека ова натпреварување ќе ја „засени“ Лигата на шампиони и ќе ги собери сите спонзорски договори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…