Фиорентина постигна договор со ѕвездата на Лил и француски репрезентативец, Нанитамо Иконе.
Станува збор за 23-годишниот крилен напаѓач, кој минатата сезона блесна во дресот на Лил и одигра клучна улога во освојувањето на титулата.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Иконе е спремен уште во јануари да ја промени средината, па веќе ги договорил личните услови со Фиорентина.
„Скај Италија“ пренесува дека двете страни се блиску до договор за трансфер вреден 15 милиони евра плус бонуси.
Виолетовите“ во него гледаат идеален наследник на Влаховиќ и ќе го донесат уште во јануари.