Дома Фудбал Италија Фински бизнисмен потврди: Сакам да го купам Интер

Фински бизнисмен потврди: Сакам да го купам Интер

Финскиот бизнисмен Томаш Зилијакус потврди дека е заинтересиран да го купи италијански Интер.

Зилијакус е прилично непознат за пошироката јавност, но претходно се појави и како кандидат за купување на Манчестер Јунајтед.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Навистина сум сериозен, оваа или најдоцна следната недела актуелниот сопственик на Интер ќе добие понуда да го преземам клубот“, изјави Зилијакус.

Во изјавата тој објасни и дека благодарение на други инвеститори, мали и големи, семејства и „институционални инвеститори“ чии имиња не сакал да ги открие собрал 2.5 милијарди евра за купување на италијанскиот тим.

Според магазинот „Форбс“, Интер се проценува на 1.03 милијарди долари или 960 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лаутаро го шокира Интер

Лаутаро Мартинез ја одби првата понуда на Интер за продолжување на договорот, а тоа го вкл…