Дома Фудбал Останато Финска се плаши од војна, бара мечот со БиХ да се игра на неутрален терен

Финска се плаши од војна, бара мечот со БиХ да се игра на неутрален терен

Фудбалската федерација на Финска не ја исклучи можноста да побара од УЕФА натпреварот против БиХ во квалификациите за СП да се игра на неутрален терен.

Мечот треба да се игра на стадионот „Билино Поле“ во Зеница, но во Финска се плашат од заканите за војна и сакаат да се игра на неутрален терен.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Ако биде загрозена сигурноста на екипата, УЕФА би требало натпреварот да го префрли на неутрален терен. Подготвен сум самоиницијативно, доколку има загрижувачки вести, да побарам од УЕФА да реагира, изјави првиот човек на финскиот фудбал Ари Лахти.

Босанските медиуми објавија дека финската страна е сериозно загрижена поради заканите за оружен судир во БиХ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Повеќе нема трпение: Ѕвездата на Реал Мадрид на трансфер листа!

Како што пренесуваат шпанските медиуми, управата на Реал Мадрид реши во следниот преоден р…