Дома Фудбал Англија Фил Џонс пред излезните врати на Олд Трафорд

Фил Џонс пред излезните врати на Олд Трафорд

Фил Џонс наскоро би можел да го напушти Манчестер Јунајтед.

Кај Џонс не цветаат ружи, а Јунајтед игра се подобро и подобро.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Црвените ѓаволи се вклучија во борбата за топ четири и ќе биде интересно кога првенството ќе продолжи.

Кога Џонс е во прашање, оваа сезона во лигата запиша само два настапи, а три одигра во Лига Европа.

На некои натпревари го нима ниту на списокот, па јасно е дека не е во плановите на Солскјер.

Медиумите во Англија пренесуваат дека Јунајтед е спремен да го продаде, а за негови услуги ќе бараат 12 милиони фунти.

Како најсериозен клуб кој сака да го види во своите редови се наведува Њукасл.

Џонс во Јунајтед пристигна во 2011. година како големо засилување од Блекбурн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шок за ПСЖ и аларм во Европа: Луис Енрике заминува?!

Според информации од Шпанија, поточно од Марка, шпанскиот тренер не планира да го продолжи…