Дома Топ вести Фиксната плата не му била доволна: Мбапе од ПСЖ ќе добива 60 милиони евра за секое лето во кое нема да замине!

Фиксната плата не му била доволна: Мбапе од ПСЖ ќе добива 60 милиони евра за секое лето во кое нема да замине!

Oткако неодамна беа објавени, платите на фудбалерите на Пари Сен Жермен се уште се главна тема во спортската јавност во Франција. Денес реномираниот „Л’Eкип“ открива нови детали од договорот на Килијан Мбапе со францускиот гигант.

Мбапе беше блиску до преселба во Реал Мадрид, но во последен момент се одлучи да остане во Париз и потпиша двегодишен договор. Таа одлука беше изненадување затоа што изгледаше дека младиот напаѓач е многу блиску до „Бернабеу“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Со новиот договор Мбапе си обезбеди фиксна плата од шест милиони евра месечно, но и одредени бонуси. „Л’Екип“ сега открива дека во договорот на Мбапе имало и специјална клазула за лојалност.

Имено, според оваа клазула, Мбапе ќе добива 60 милиони евра за секое лето кое нема да го напушти клубот од престолнината на Франција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Времето лета: Синот на Вејн Руни доби максимална понуда и е на прагот на големата сцена

Времето „лета“ и тоа ни го докажува и Кај Руни, шеснаесетгодишниот син на најголемата леге…