Физиотерпевтот на Карлос Алкараз, Хуањо Морено зборуваше за случувањата на мечот со Новак Ѓоковиќ на Ролан Гарос.
Шпанецот имаше грчеви на почетокот на третиот сет и тоа го спречи да го даде максимумот, па Ѓоковиќ во продолжение од мечот лесно стигна до победата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Морено сега се обиде да објасни за што станува збор.
„Треба да се знае дека тоа не е повреда. Грчеви кои се јавуваат можат да бидат биолошки или психолошки некогаш доаѓаат во исто време. Она што го правевме со Карлос е контролирањето на биолошкото, контролираме се што треба да зема. Кога телото ќе забележи дека му недостасува хранлива состојка создава грч во мускулите, но ние Карлос добро го подготвивме“.
„Грчевите секогаш доаѓаат во момент на опуштање, можеби е смешно но се случи токму кога Новак отиде во соблекувалната по завршувањето на вториот сет. Тогаш Карлос беше посвесен за тоа што се случува“, објасни Морено.