Возачот на Ферари Себастијан Фетел победи на првата трка во новата Формула 1 сезона, Големата награда на Австралија. Германецот до 43-та победа во кариерата дојде пред возачите на Мерцедес Луис Хамилтон и Валтери Ботас.
Фетел максимално го искористи погрешниот тајминг во боксот на Мерцедес, кога премногу рано беше повикан Хамилтон на менување на пневматиците. Кога Британецот се врати на патеката загави зад Ферстапен, што го искористи Фетел кој ја презеде челната позиција на која остана до крајот на трката.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Себестаијан Фетел во Мелбурн ја забележа првата победа по 2015 година.
Зад најдобрите тројца се пласираа Кими Раиконен (Ферари), Макс Ферстапен (Ред Бул), Фелипе Маса (Вилијамс), Серхио Перес (Форс Индија), Карлос Саинс јуниор (Торо Росо), Данил Квјат (Торо Росо) и Естебан Окон(Форс Индија).