Дома Фудбал Фердинанд: Аморим го избрка Ван Нистелрој затоа што навивачите на Јунајтед премногу го сакаат

Фердинанд: Аморим го избрка Ван Нистелрој затоа што навивачите на Јунајтед премногу го сакаат

Португалскиот тренер Рубен Аморим (39) го презеде Манчестер Јунајтед. Има 13 дена да го подготви тимот за првенствениот натпревар со Ипсвич кој се игра по репрезентативната пауза.

Доаѓањето на Аморим значи и заминување на Руд ван Нистелрој, легендарниот холандски напаѓач кој го презеде Манчестер Јунајтед по заминувањето на Ерик тен Хаг.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Ван Нистелрој успешно го водеше Јунајтед во последните четири натпревари. Имаше три победи и само едно реми, далеку подобар учинок од неговиот претходник.

Неговиот поранешен соиграч Рио Фердинанд изјави дека Аморим морал да го отстрани Ван Нистелрој бидејќи Холанѓанецот има статус на легенда меѓу навивачите.

„Ако имате таков човек на клупата за асистент и работите не одат добро, знаете дека навивачите ќе почнат да бараат Ван Нистелрој да стане главен тренер. Навивачите го сакаа, го сакаат уште повеќе сега. “ објасни Фердинанд во својот подкаст.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти ги изненади Бразилците со списокот за Хрватска, Роналдињо не можеше да остане мирен и веднаш реагираше

Бразилската јавност беше изненадена од одлуката на Карло Анчелоти да не го вклучи Нејмар н…