Барселона во текот на оваа недела го одигра големото Ел Класико против Реал Мадрид во рамките на првиот натревар од полуфиналето на Кралскиот куп, а на крајот натпреварот заврши 1:1.
Шанса од првата минута доби и Фелипе Кутињо кој играше во врвот на нападот со Суарез и Малком. Кутињо веќе неколку недели игра на местото на повредениот Осман Дембеле, но тоа никако да го искористи. На Бразилецот во изминатите некоку месеци ништо не му оди од нога, а против Реал беше еден од најслабите играчи на теренот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За трансфер на Кутињо се зборуваше и во јануарскиот преоден рок, но од Барселона порачаа дека тој не е на продажба. Сепак, доколку бразилскиот играч продолжи со слабите игри во текот на летото со сигурност ќе биде еден од првите кој ќе ги спакува куферите.