Роџер Федерер денес стигна до првата победа на завршниот Мастерс во Лондон.
Швајцарецот во два сета го победи Италијанецот Матео Беретини за кого ова беше прв пораз на турнирот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Федерер славеше со 7:6 и 6:3. Впечатокот е дека Беретини играше добро само до тај-брејкот на првиот сета, а потоа неговата игра се распадна и повеќе немаше шанси против еден од најдобрите на сите времиња.
Со оваа победа Федерер остана во игра за полуфинале, сега го очекува меч со Новак Ѓоковиќ кој вечерва ќе игра против Доминик Тим веројатно за заверка на полуфиналето иако постои можност се да се решава во последното коло.