Чешката тенисерка Петра Квитова утрово се пласираше во финалето на Австралија Опен.
Таа во полуфиналниот дуел ја порази Американката Даниеле Колинс со 2:0 во сетови (7:6, 6:0).
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Колинс подобро го отвори натпреварот и на средината од првиот сет направи брејк, но Квитова веднаш врати и сетот подоцна замина во тај брејк.
Таму подобро се снајде чешката тенисерка која славеше со 7:2. Квитова во вториот сет ја остави Колинс на нула и славеше за пласман во големото финале.
Инаку, за Квитова ова ќе биде финале на Австралија Опен, а ќе се обиде да дојде до третата Гренд Слем титула во кариерата. Претходно двапати го освои Вимболдон.