Иако ова лето не владееше преголем интерес за германскиот фудбалер, во последните три дена од преодниот рок се би можело да се промени.
Месјут Озил има уште една година договор со „Топчиите“, а за продолжување на соработката нема ниту збор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Арсенал многу лошо стартуваше во ПЛ, по првите три кола, имаат три бода и се 16. пласирани на табелата, а еден од виновниците за ваквиот резултат е дефинитивно и германскиот интернационалец.
Сега, според пишувањето на англиските медиуми би можел да го напушти „Емирати“, како што пренесува „Скај“, за неговите услуги е заинтересиран Борусија Дортмунд.
„Милионерите“ сега имаат многу средства на располагање, го продадоа Дембеле во Барселона за 105 милиони евра, па се решени дека добар дел од тие пари до крајот на преодниот рок ќе бидат потрошени.
Враќање во Германија се чини дека би бил вистински потег за некогашниот играч на Шалке, Вердер и Реал Мадрид, а прашање е дали Венгер е подготвен да го пушти во самата квечерина на преодниот рок.