Цеск Фабрегас за англиските медуми откри зошто не се вратил во Арсенал, откако одлучи по втор пат да ја напушти Барселона.
30-годишниот плејмејкер призна дека сакал да се врати на „Емирати“, но не бил постигнат договор, па заврши на „Стенфорд Бриџ“.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
„Сеуште сум многу поврзан за Арсенал. Секој дуел против нив буди посебни емоции кај мене. Кога донесов одлука да ја напуштам Барса, Арсенал беше мојата прва желба. „Топџиите“ имаа една недела да кажат дали ќе ја израмнат понудата за да ме донеса назад“, открива Фабрегас.
„Имав голем број на понуди, но после разговорот со Мурињо ме убеди дека тоа е вистинското место за мене. Поминаа седум дена, Арсенал не одговори, јас сватив дека не ме сакаат и ја прифатив понудата на Челзи“, додаде Шпанецот.