Дома Трансфер зона Фабрегас го прави најшокантниот трансфер ова лето

Фабрегас го прави најшокантниот трансфер ова лето

Поранешниот шпански репрезентативец Цеск Фабрегас реши кариерата да ја продолжи во Италија и тоа во второлигашот Комо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Искусниот 35-годишен плејмејкер минатата сезона играше за Монако и иако имаше најави дека ќе се врати во Шпанија, тој се одлучи за авантура во Италија.

Фабрегас во Комо треба да остане во следните две сезони. Комо минатата сезона го завзема 13 место во Серија Б, а сега со Фабрегас во тимот сигурно амбициите ќе бидат многу повисоки.

Фабрегас професионалната кариера ја започна во Арсенал каде после 8 години се пресели во Барселона, а потоа играше и за Челзи и Монако.

Тој беше дел од златната генерација на Шпанија која во 2008 и 2012 година го освои Европското првенство, како и Мундијалот во 2010 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…