Дома Фудбал Англија ФА подигна обвинение за Ван Дајк

ФА подигна обвинение за Ван Дајк

Фудбалската асоцијација на Англија подигна обвинение за Вирџил ван Дајк за неговото однесување на мечот со Њукасл.

Неговата реакција по црвениот картон на дербито со Њукасл беше претерана, по што му се заканува подолга суспензија од таа од еден меч.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Ван Дајк доби црвен картон за стартот над Александер Исак на „Сент Џејмс парк“, но Ливерпул со двата гола на Дарвин Нуњез стигнаа до пресврт и победа од 2:1.

„Вирџил ван Дајк е обвинет за прекршување на Е3.1 одделот од правилата на ФА на 27 август. Дефанзивецот се однесуваше на неприфатлив начин и користеше навредливи зборови кон судијата откако доби црвен картон во 29. минута од мечот. Тој има време до 1 септември да одговори на обвинението“, соопштија од ФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Неверојатен гол во Хрватска: Дупка го измами голманот и топката заврши во мрежата (Видео)

Фудбалерите на Истра постигнаа важна победа во нивната борба за пласман во Европа, совладу…