Дома Фудбал Англија ФА Куп: Кејн за две минути го сруши Вимблдон

ФА Куп: Кејн за две минути го сруши Вимблдон

Фудбалерите на Тотенхем рутински се пласираа во наредната фаза во најстарото фудбалско натпреварување на Светот.

Избраниците на Маурисио Покетино славеа на Вембли против нисколигашот Вимблдон со резултат 3:0 (0:0).

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во првото полувреме немаше погодоци, Спарси апсолутно доминираше, имаа 12 шутеви и дури 83% посед на топка, но не успеаа да ја затресат мрежата.

Во продолжението се се’ смени за две минути, Кејн најпрво ја затресе мрежата во 63. минута, па за две минути срелаше и за 2:0.

Се стана апсолутно јасно во 71. минута, кога Ветронген постигна гол за 3:0.

До крајот немаше промена на резултатот, Тотенхем очекувано лесно се пласираше во 1/16 финалето на ФА Купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Прегледите на Бонифајс продолжуваат, трансферот во Милан може да пропадне

Напаѓачот на Бајер Леверкузен Виктор Бонифајс продолжува со задолжителните медицински прег…