Дома Фудбал Англија ФА бара од ФИФА проширување на казната за обложувачот Тони

ФА бара од ФИФА проширување на казната за обложувачот Тони

Фудбалскиот сојуз на Англија (ФА) ќе побара од Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) суспензијата од осум месеци за Ајван Тони да ја прошири и на светско ниво.

ФА Го суспендираше Тони на осум месеци и тој според оваа казна не може да игра фудбал во Англија до 16-ти јануари 2024 година, освен тоа ќе плати и парична казна од 50.000 фунти.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тој казната ја заработи откако самиот призна 232 недозволени облози. Засега казната се однесува само на англискиот фудбал, но сега ФА бара од ФИФА казната да се прошири.

Според стандардната процедура ФИФА ќе истражи што направи Тони, а досега кога Киеран Трипиер и Даниел Стариџ кои беа казнети во Англија во тие моменти играа во странство. Стариџ веднаш го раскине договорот со Трабзонспор во 2020, а Трипие пропушти десет недели фудбал во Атлетико Мадрид на почетокот на 2021 година.

Исто така Фабио Партичи кој доби суспензија од 30 месеци од Фудбалскиот сојуз на Италија, ФИФА ја прошири и на светско ниво. Според овие ситуации веројатно и на Тони ќе му биде забрането било каде да игра фудбал.

Сезонава во дресот на Брентфорд Тони играше одлично и со постигнати 21 гол на 35 натпревари се најде на третото место на листата стрелци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…