Дома Фудбал Останато Уште еднаш ја покажа својата големина: Салах со порака за поддршка до Кариус

Уште еднаш ја покажа својата големина: Салах со порака за поддршка до Кариус

Голманот на Ливерпул, Лорис Кариус повторно е во центарот на вниманието поради честите грешки на натпреварите.

Се започна со финалето во Лигата на шмпионите, па продолжи во подготовките за новата сезона. Последниот кикс Кариус го направи во пријателскиот натпревар на Ливерпул против Борусија Дортмунд.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


После тој кикс Кариус се најде под голем притисок од медиумите, па се реши да се огласи преку својот Инстаграм профил каде што преку „стори“ порача:

„Ги жалам оние кои гледаат како страдаат и паѓаат другите луѓе. Што се случува со важиот живот за бидете полни со тој гнев и омраза. Се надевам дека се ќе помине и ќе ви се случуваат убави работи“, стои на фотографијата на голманот на „црвените“.

Набрзо потоа Кариус доби и поддршка од најдобриот играч на Ливерпул од минатата сезона, Мохамед Салах.

„Остани силен Кариус, се случуваат вакви работи и на најдобрите. Игнорирајќи ги хејтерите“, напиша Салах на својот Твитер профил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нови промени во Лигата на шампионите. УЕФА со нив има за цел да заработи пет милијарди евра

Лигата на шампионите на УЕФА се игра во нова формација со 36 екипи веќе втора сезона по ре…