Очекуваната солидна сума од евентуалната продажба не е единствена причина поради која Барселона сака да се раздели со Фребки де Јонг.
Според каталонските медиуми Де Јонг би требало да добива плата од 19 милиони евра, што е премногу за клубот кој има големи финансиски проблеми.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Холанѓанецот има договор до 2026 година и според него секоја година платата му се зголемува за одреден процент.
Во моментов на „Камп Ноу“ имаат понуда од 80 милиони евра за Де Јонг од Манчестер Јунајтед. Проблем за Барселона е што самиот фудбалер се уште не донел одлука дали да си замине.
Бившиот играч на Ајакс не се согласува со намалување на платата, па поради тоа Барселона сака да го продаде.