Познато е дека Мемфис Депај е голема желба на тренерот на Барселона, Роналд Куман.
Каталонците се обидоа во летниот преоден рок да го донесат Холанѓанециот на „Камп Ноу“, но не успеаа да се договорат со Лион.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Сега медиумите пишуваат дека Депај ќе биде прва трансфер желба на Барселона во јануари, но Лион потврди дека нема да го пушти фудбалерот на среде сезона.
Последните информации од Франција говорат дека ПСЖ се вклучил во битката за неговиот потпис и наводно веќе постигнале договор со Холанѓанецот.
„Светците“ му понудиле три пати поголема плата од актуелната и Депај на лето како слободен агент ќе се пресели во Париз.