Дома Фудбал Уште две ѕвезди на Реал позитивни на коронавирус

Уште две ѕвезди на Реал позитивни на коронавирус

Реал Мадрид соопшти денес дека двајца играчи на овој тим се заразени со коронавирус.

„Кралевите“ вчера имаа тестирање на коронавирус пред натпреварот за викеднот, а резултатите покажаа дека имаа двајца новозаразени.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Шпанскиот гигант потврди дека заразени се Еден Азар и Касемиро, двајцата се веќе во изолација и немаат никакви симптоми.

Се очекува Азар и Касемиро да бидат надвор од теренот десетина дена. За Реал е добро што по овој викенд следи репрезентативна пауза па би требало да бидат спремни за мечот на 25. ноември кога Реал во Милано ќе игра против Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус го реши прашањето за тренерот до 2028 година!

Фудбалскиот клуб Јувентус последните сезони е во големи проблеми, пред сè поради долгот шт…