Ѕвездата на Лајпциг, Дајот Упамекано призна дека води преговори со други клубови, иако неодамна потпиша нов договор со германскиот клуб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Интерес за Французинот покажуваат неколку европски гиганти, меѓу кои најсилен е интересот на Манчестер Јунајтед.
Иднината на Упамекано се уште не е јасна, бидејќи тој има откупна клаузула во договорот.
„Го продолжив договорот со Лајпциг бидејќи се чувствувам добро во овој клуб. Вистина е дека постои интерес за мене, разговарам со неколку клубови, но не брзам да донесам одлука“, изјави Упамекано.
Откупната клаузула во договорот на Упамекано изнесува 60 милиони евра, а од следното лето ќе се намали на 42 милиони евра.
Upamecano on his future ? pic.twitter.com/8iJOoUhc1x
— Goal (@goal) September 1, 2020