Дома Фудбал Ривалите бараат радикална казна за Сити: Сопствениците да мора да го продадат клубот!

Ривалите бараат радикална казна за Сити: Сопствениците да мора да го продадат клубот!

Ривалите бараат радикална казна за Сити: Сопствениците да мора да го продадат клубот!

Присилна продажба на Манчестер сити е исходот што го бараат дел од неговите ривали во Премиер лигата. Според Би-би-си, челници на три англиски прволигаши сметаат дека актуелните сопственици треба да го напуштат клубот по пресудата за прекршување на финансиските правила.

Независната комисија сè уште не ја одредила санкцијата. Меѓу можните казни се парична глоба, одземање бодови, одземање освоени титули, па и исфрлање од лигата. Сити ги отфрла обвинувањата и веќе ја обжалил пресудата.

Случајот се однесува на финансиското работење од 2009 до 2018 година, како и на несоработка со истрагата. Според извештајот, клубот е прогласен за виновен за вештачко прикажување поголеми приходи и прикривање загуби од над една милијарда евра преку фиктивни комерцијални договори.

За дел од клубовите, ниту една друга казна не е доволна. Еден од функционерите што анонимно зборувале за Би-би-си смета дека санкциите би немале вистинска тежина доколку сопственоста остане непроменета. Друг оценува дека е нарушена веродостојноста на Премиер лигата и дека случајот не може да се затвори со останување на сегашните сопственици.

Сити е во сопственост на „Абу Даби јунајтед груп“, приватна инвестициска компанија на шеикот Мансур, потпретседател и заменик-премиер на Обединетите Арапски Емирати.

Премиер лигата побарала клубовите да не излегуваат јавно со барања за казната додека трае постапката. Сепак, според еден од соговорниците, некои веќе ги пренеле своите ставови во приватни разговори со претставници на Независното фудбалско регулаторно тело. Тој нагласил и дека не постои еднакво цврст став кај сите клубови.

Претседателот на регулаторното тело, Дејвид Коган, пред парламентарна комисија порача дека големината на клубот нема да биде причина за избегнување на законските обврски. Тој најави дека, зависно од исходот на жалбата и исполнувањето на потребните услови, телото е подготвено да го испита раководството на Сити и да преземе мерки.

Членот 34 од Законот за управување со фудбалот му овозможува на регулаторот да проверува дали сопственик ги исполнува условите за чесност, интегритет и финансиска стабилност. Ако тие критериуми не се исполнети, може да биде одреден рок за откажување од сопственоста, а потоа и да се издаде налог за отстранување.

Од Манчестер сити претходно соопштија дека одлуката на комисијата содржи суштински правни и фактички грешки. Клубот тврди дека располага со обемни и непобитни докази во прилог на своите позиции, па конечниот исход останува врзан и за жалбената постапка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Борац водеше до 86. минута, Аталанта со три гола ја шокираше Бања Лука!

Аталанта направи пресврт од 0-2 до 3-2 во финишот, а Борац го заврши натпреварот со деветм…