Дома Моторспорт Маркез се повлекува од МотоГП: Стравот за видот пресуди, само Алекс ја знаел тајната

Маркез се повлекува од МотоГП: Стравот за видот пресуди, само Алекс ја знаел тајната

Маркез се повлекува од МотоГП: Стравот за видот пресуди, само Алекс ја знаел тајната

Марк Маркез става крај на кариерата во МотоГП, а зад одлуката стои и стравот од последиците што повредите можат да ги остават врз неговиот живот надвор од патеката. На прес-конференцијата во Валенсија, Шпанецот откри дека повторно се соочил со двоен вид по последните две големи повреди.

Низ кариерата помина низ бројни операции и тешки закрепнувања, но токму проблемите со видот му донеле поинаква загриженост. Тие се вратиле по падовите во Мандалика во 2025 и во Ле Ман во 2026 година, поради што станал повнимателен во остатокот од сезоната.

Маркез објасни дека не се плаши ниту од мотоциклот ниту од брзината. Го загрижува повредата која во моментов не му го нарушува приватниот и професионалниот живот, но го натерала сериозно да размислува за иднината.

Одлуката за повлекување била донесена уште по трката во Мотеги, на почетокот на октомври. Во тој момент борбата за титулата сè уште била отворена, но за него конечниот пласман веќе немал да го смени изборот: ќе заминел и како победник и доколку завршел втор или трет.

За разлика од 2023 година, кога имал дилеми и побарал помош од најблиските, овојпат бил целосно сигурен. Одлучил да го послуша сопствениот инстинкт, убеден дека тоа е правилниот чекор и за неговиот приватен живот и за професионалната кариера.

Тајната долго време ја чувал само неговиот брат Алекс. Татко му дознал во средата навечер, а мајка му само еден час пред јавното соопштување. Џиџи Дал’Иња и другите клучни луѓе во Дукати биле известени во четвртокот. Маркез призна дека и самиот разговор за пензионирањето му одземал многу енергија.

Објавата во Валенсија следуваше по првиот тренинг за викендот, на кој Марко Бецеки беше за нијанса побрз од него. Пред Маркез да ги образложи причините за заминувањето, во салата се собраа сите возачи и голем број луѓе од тимовите. Тој накратко ја прекина прес-конференцијата за заедничка проштална фотографија со колегите, за потоа тие да продолжат со обврските на патеката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Титулата му го намали фокусот: Антонели призна зошто почна да греши

Кими Антонели веќе две трки е без подиум по освојувањето на шампионската круна. Возачот на…