Дома Кошарка Мекисик искрено: Бев на работ на депресија, Ердем Џан ме разбуди

Мекисик искрено: Бев на работ на депресија, Ердем Џан ме разбуди

Мекисик искрено: Бев на работ на депресија, Ердем Џан ме разбуди

Шек Мекисик повторно ја пронаоѓа кошаркарската мотивација во Турк Телеком. Искусниот крилен кошаркар, кој летово го напушти Олимпијакос, откри дека зад враќањето во Турција стоела исклучиво желбата да работи со Ердем Џан.

Во интервју за „Еврохупс“, 36-годишниот Мекисик отворено зборуваше за тешкотиите по заминувањето од Грција. Носталгијата и притисокот постојано да се освојуваат трофеи кај него предизвикале и сомнежи во сопствените можности.

„Ми недостигаше Грција и бев речиси на работ на депресија. Освојуваш една титула, а потоа веќе се очекува да ја освоиш и следната. Не беше лесно. Во овој дел од кариерата ми требаше некој што ќе ме разбуди и ќе ме натера да си кажам: ‘Во ред, сè уште можам да играм’.“

Токму таков пристап препознал кај Џан. Пред да пристигне во клубот разговарал со други играчи за тренерот, а сега особено ја цени неговата подготвеност да бара одговорност од сите, без оглед на нивната улога во екипата.

„Ердем Џан беше единствената причина да се вратам. Ми се допаѓа што има ист однос кон одговорноста, без разлика дали станува збор за мене или за последниот играч на клупата. Прв ќе укаже на грешка, но ќе признае и кога самиот ќе погреши. Целта секогаш е да бидеме подобри.“

Преминот од освојување на Евролигата кон обид да се стигне до трофејот во Еврокупот за Мекисик значи и поинаква задача. Наместо веднаш да се обиде да доминира, сака прво целосно да ги запознае соиграчите и системот, а потоа постепено да го подигнува нивото.

Негов приоритет е победувањето, а не индивидуалното докажување. Иако сè уште се приспособува, вели дека физички никогаш не се чувствувал подобро и дека сега е мирен и среќен.

Разговорот го врати и на споменот од првиот настап во турското првенство, против Фенербахче. Присуството на Лука Жориќ и Датоме кај противникот му создало голема трема вечерта пред натпреварот, па побарал поддршка од својот брат.

Наместо утеха, добил предизвик: кога конечно ќе остави свој белег на голем натпревар? Следниот ден Мекисик постигнал 30 поени, а неговата екипа го победила Фенербахче на отворањето на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Пјаниџани: Фенер го освои Купот, а јас тој ден бев во болница

Симоне Пјаниџани се наврати на кратката епизода во Фенербахче, на атмосферата во клубот и …