Дома Кошарка Пјаниџани: Фенер го освои Купот, а јас тој ден бев во болница

Пјаниџани: Фенер го освои Купот, а јас тој ден бев во болница

Пјаниџани: Фенер го освои Купот, а јас тој ден бев во болница

Трофеј со Фенербахче, но без можност да биде со екипата во победничкиот момент. Симоне Пјаниџани откри дека на денот кога неговиот тим го освоил Купот на Турција, тој бил во болница.

Италијанскиот тренер зборуваше за ТРТ Спор Јилдиз пред натпреварот меѓу Италија и Турција и се наврати на престојот во истанбулскиот клуб. Фенербахче го презеде во сезоната 2012/13, а во февруари 2013 година се повлече поради лични причини.

„Го освоивме Купот на Турција додека бев таму, но тој ден бев во болница. Се сеќавам со каква возбуда луѓето ги доживуваа нашите победи во важните натпревари. Тоа е посебен клуб со посебни луѓе“, раскажа Пјаниџани.

И покрај проблемите што го принудиле да замине, вели дека од Фенербахче ги понел убавите спомени. Враќањето во Италија му овозможило и целосно да ѝ се посвети на работата со националниот тим.

„Атмосферата беше прекрасна, навивачите неверојатни, вистинско семејство. Уште тогаш знаевме дека тоа е почеток на патувањето кон освојување на фајналфорот. Подоцна успеаја со Жељко, а сега го направија тоа и со Шарас“, истакна Италијанецот.

Пјаниџани упати пофалби и кон Ергин Атаман, со кого соработуваше во Сиена. Кај турскиот стратег најмногу ја цени енергијата што, според него, не се променила со годините.

„Можам само да му честитам, бидејќи сè уште ја има истата енергија. Секогаш сака да биде на врвот. Анадолу Ефес, Панатинаикос, репрезентацијата — секаде оди со желба да се бори за највисокото место“, порача Пјаниџани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Осум порази го чекаат Јончевски: Чарни му ја довери клупата

Александар Јончевски се враќа во полската кошарка со задача да ја прекине губитничката сер…