Минхенски Баерн во рамките на 26. коло од Бундеслигата славеше во Берлин против екипата на Унион со сигурно 0:2.
Баварците очекувано дојдоа до победата. Унион Берлин беше идеален тим за освојување бодови и на крајот тимот на Ханси Флик дојде до трите бода без поголеми проблеми.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во 19. минута од натпреварот беше поништен гол на Томас Милер поради офсајд, а Баерн отпорот на домашниот тим го скрши во 40. минута од натпреварот. Невен Суботиќ направи прекршок за пенал, а Роберт Левандовски постигна погодок за 0:1.
Со овој резултат се замина на одмор, а во продолжение гостите продолжија да напаѓаат што побрзо да постигнат погодок и да ја осигураат победата. После многу шанси вториот погодок стигна во 80. минута кога Павард постигна гол за конечни 0:2.
Со оваа победа Баерн се зацврсти на лидерската позиција во Бундеслигата со четири бода предност пред Борусија Дортмунд.
#UnionBerlin 0-2 #BayernMunich GOALS pic.twitter.com/nW73oOu5Jx
— RainingGoals (@RainingGoals) May 17, 2020