Литванскиот кошаркар, Ауримас Чибас, пронајден мртов на улица во ноќта помеѓу петокот 24 и саботата 25 мај во Џенова.
Наводно, Литванецот пред смртта бил исфрлен од ноќен клуб, најверојатно под дејство на алкохол, а полицијата потврдила дека подоцна паднал од висок ѕид.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Отворена е истрага поради неговата смрт, наводно бил во конфликт со обезбедувањето на ноќниот клуб, но не е утврдено дали имало физичко насилство.
Веста за смртта на Чибас била примена во саботата наутро, кога Литванецот бил пронајден на улица од случаен минувач. Полицијата сега ги прегледувала сите околни камери и разговарала со сведоци на настанот. Обдукцијата на телото треба да потврди дали тој сам паднал или бил турнат.
Според информациите од Италија, несреќниот кошаркар бил на гости кај пријател, кој таму игра за тимот на Баскет Сестри.
Во моментот на смртта Чибас имаше 27 години и настапуваше за данскиот Бјерингбро БК.