Како што соопштија од УЕФА, Европската куќа на фудбалот ќе им се приклучи на англиските тимови кои ќе бојкотираат викендов.
Бојкотот ќе започне во 16 часот во петок (утре) и ќе трае се до понеделник до 23:59 часот. Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин изјави дека тие ќе искажат поддршка за фудбалерите кои многу често добиваат навреди преку социјалните мрежи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Социјалните мрежи во денешно време често пати се злоупотребуваат. Таквиот тренд мора да запре. Не смееме да имаме такво однесување, тоа не е опасно само за фудбалот туку за целото општество. Затоа ќе се приклучиме и ќе ја поддржиме оваа иницијатива“, изјави Чеферин.