Дома Фудбал Лига на шампиони УЕФА со критики за судијата кој бараше автограм од Халанд

УЕФА со критики за судијата кој бараше автограм од Халанд

После дуелот помеѓу Борусија Дортмунд и Манчестер Сити во вторникот најмногу се зборува за судијата кој побара автограм од Ерлинг Халанд.

Набрзо по неговиот потег се покажа дека тој потпишаните картони од Халанд сакал да ги стави на аукција и собраните пари да ги донира во центар за помош на деца со аутизам.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Меѓутоа и покрај тоа што неговиот потег бил со хумана цел од УЕФА го критикуваат.

„УЕФА настојува судиите да се почитуваат исто како и играчите. Ако сакате да бидете ценети како судија зошто да барате автограм или дрес? Бараат ли тие такво нешто од вас. Тоа е неприфатливо, ова е прашање на достоинство и не смеете да зборавите дека ТВ камерите снимаат се на натпреварите од УЕФА“, изјави шефот на судискиот одбор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Винисиус го наруши молкот после дебаклот во Лондон

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор за прв пат јавно проговори за вчерашниот тежок по…