Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО УЕФА одлучила: Заврши Европското првенство за Ентони Тејлор!

УЕФА одлучила: Заврши Европското првенство за Ентони Тејлор!

Aнглискиот судија Ентони Тејлор повеќе нема да суди на Европското првенство, тврди италијанската „Газета дело Спорт“.

Тејлор е една од главните теми во спортските медиуми по натпреварот помеѓу Германија и Шпанија. Бурни реакции предизвика неговата одлука да не досуди пенал по играта со рака на Кукуреља во шеснаесетникот.

Во Германија поради таа ситуација отворена е и петиција на која се потпишале над 30.000 навивачи кои бараат повторување на натпреварот, нешто што е јасно дека нема да се случи.

На Европското првенство преостануваат да се одиграат уште двете полуфинални средби и финалето кое е закажано за в недела. Утре се среќаваат Франција и Шпанија, додека еден ден подоцна Англија и Холандија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Арсенал го следи младиот талент на Ливерпул, Нгумоа

Арсенал е заинтересиран за младиот крилен играч на Ливерпул, Рио Нгумоа, кој е пофален од …