Дома Фудбал Останато УЕФА казни осум клуба поради финансискиот фер-плеј, најголемата казна за ПСЖ

УЕФА казни осум клуба поради финансискиот фер-плеј, најголемата казна за ПСЖ

Европската фудбалска федерација УЕФА денес казни осум клуба поради кршење на финансискиот фер-плеј.

На списокот казнети кај УЕФА не се некои клубови кои во претходните трошеа многу, а и Барселона која беше во тешка финансиска ситуација успеала да се извлече, па иако трошеше летово не доби казна.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


На списокот од осум екипи дури четири се италијански – Милан, Интер, Јувентус и Рома. Останатите четири се ПСЖ, Монако, Бешикташ и Марсеј.

Вкупната казна која овие клубови ќе ја платат е 172 милиони евра. На клубовите ќе им бидат одземени паричните награди кои ги доделува УЕФА од нејзините натпреварувања, меѓутоа казната нема да се применува веднаш.

Санкцијата е оидложена во следните три години, додека Рома и Интер со спогодбата успеаа да добијат суспензија на казната четири години. Тоа што бараа дополнителна година во договорот значи дека Интер и Рома ќе мораат прилично да ги ограничат трошоците во следната година.

Најголемата казна беше за ПСЖ и таа изнесува 65 милиони евра, Рома е казнета со 35, Интер, 26, Јувентус 23, Милан 15. Најдобро поминаа Бешикташ, Марсеј и Монако. Турскиот клбу е казнет со четир имилиони, додека двата француски со по два.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …